Одлагање на приемената на Законот за управување со пакување и отпад од пакување со кој се забранува употреба на пластични кеси, укинување на надоместокот кој треба да го плаќаат граѓаните за биоразградивите кеси и намалување на казните, побара денеска Групација на производители и преработувачи на пластични маси при Сојузот на стопански комори ССК).
Од Групацијата велат дека со овој закон се загрозат егзистенцијата и опстојувањето на голем број фирми производители на пластични кеси, а недореченостите во него прават тотален хаос.
Со новиот Правилник за стандардите за биоразградливост кои треба да ги исполнуваат кесите за носење на стоки, начинот на пуштање на пазар на биоразградливи кеси од страна на трговците како и формата и содржината на образецот за водење на евиденција, употребата на оксо-биоразградливи кеси останува до 1 јуни 2023, а потоа треба да бидат заменети со биоразградливи. За тоа да се обезбеди потребни се дополнителни инвестиции, обука на вработените, а дадените роковите се премногу кратки, кажа Ели Качева, претседавач на Групацијата.
Качева направи споредба соГерманија каде што сличен закон е донесен во 2015 година, но таму на производителите им се остава рок од 7 години за адаптација и пренамена на своето деловно работење.Според неа, во ниту една држава не е целосно забранета употребата на најтенките кеси под 15 микрони кои се користат за размер на овошје и зеленчук, како што е кај нас.
Сметаме дека надоместокот кој ќе го плаќаат граѓаните за една кеса од 15 денари претставува дополнителен финансиски товар, во време на економска криза и пандемија. Производителите на пластични кеси се соочени со големи проблеми бидејќи голем дел од нарачките се откажуваат, со што значително се намалува обемот на работа. Примената на законското решение е проблематично и затоа што нема прецизен план и програма за што ќе се трошат средствата кои ќе се уплаќаат на сметката во Министерството за животна средина. Поради 0овие и други недореченостите во законот во моментов владее хаос, вели Качева.
За надминување на состојбите Групацијата истакнуваат неколку барања упатени до Министерството за животна средина: да се укине надоместокот од 15 денари бидејќи не само што нема никаква пазарна логика, туку е и многу повисок споредено со другите држави. Компаративната анализа која ја направивме покажува дека цената на кесите во Србија изнесува 7,5 денари, а во Грција 9 денари.
Сметаме дека зголемувањето на цената треба да биде сукцесивно во етапи. Исто така неопходно е да се интервенира во казнените одредби бидејќи глобите за трговците доколку на пример не водат соодветна евиденција за продажбата на кеси се и до 180.000 евра. Од овие законски измени директно е засегнaто опстојувањето и егзистенцијата на 32 претпријатија кои бројат вкупно 600 вработени физички лица, невклучувајќи ги и надворешните соработници како добавувачи на репроматеријали, дистрибутери. Затоа е неопходно законот да се измени и да се изнајде заедничко решение, во консултација и работни групи со производителите и трговците, велат производителите.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.