Седум видови колачи со активен јаглен, колаген и пробиотик, се новите производи на компанијата „Жито Пром“ – Гевгелија кои веќе може да се најдат во малопродажбата. Станува збор за т.н. функционална храна, збогатена со витамини, минерали, пробиотици и растителни влакна – нов тренд во прехранбената индустрија, чиј цел е грижа за здравјето на потрошувачите.
Како што беше речено на вчерашната промоција, колачите се со различен вкус на лимон, кокос, мед и суво грозје, некои содржат јаткасти плодови (лешници, ореви), некои темно чоколадо, а се направени со јачменово или овесно брашно и природен квасец, донесен од Италија, стар преку 100 години.
Секое пакување е со по шест колачиња. За консумација се препорачува по едно пакетче на ден или по две од оние со колаген за повозрасните потрошувачи.
Функционалните колачи се во согласност со светските трендови за исхрана и се идеална ужинка за оние кои живеат брзо, но внимаваат на себе. Со кафе или со чај, во нканцеларија или во автомобил, колачите помагаат да се зачува енергијата и истовремно да се внесат корисни хранливи состојки. Придонесуваат за здравјето на коските, за посеилн имунитет, пониско ниво на триглицериди и подобра контрола на телесната маса. Тие се здрав десерт и за децата, истакнаа претставниците на „Жито Пром“.
Новата производна линија е резултат на соработката меѓу индустријата, науката и државните институции. Вкупната инвестиција е 225.000 евра, од кои Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) обезбеди 160.000. Како што нагласи Никола Клопчевски од Секторот за мониторинг во ФИТР, „Жито Пром“ е една од најуспешните приказни на Фондот.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.