Компанијата „Тинекс“ денеска (26 ноември) повторно го отвори реновираниот маркет „Супер Тинекс Годел“ на улицата Перо Наков, бр. 108 во Скопје.
По реновирањето, маркетот располага со продажен простор од 1.000 квадратни метри и во него работат вкупно 35 вработени. Потрошувачите се опслужуваат на 5 наплатни каси. Покрај редовните оддели, реновираниот маркет располага со оддел за органска и здрава храна, голема и модерна пилјара, пекарница со свеж леб и топли бели печива, како и месарница во која свежото месо и преработките секојдневно се доставуваат од погоните за расек на „Тинекс“.
Како што информираат од компанијата, покрај големиот асортиман производи што „Тинекс“ им го нуди на потрошувачите, акцент е ставен и на комодитетот и естетиката на ентериерот во маркетот. Особено внимание е посветено на изборот на материјали за внатрешните елементи, кои ги задоволуваат сите светски стандарди и се лесни за одржување и дезинфекција. За полесна навигација низ полиците поставени се јасни ознаки, кои на купувачот му помагаат полесно да се снајде низ „морето“ од артикли, се наведува во соопштението на „Тинекс“.
Во рамките на супермаркетот е отворена и аптека „Галениум фарм“, а наскоро ќе биде отворена и продавница за опремување на домот „Aџико“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.