Македонија

„Кожувчанка“ ја продолжи соработката со Федерацијата на училишен спорт

10 Nov 2021

„Кожувчанка“ од Кавадарци и Федерацијата на училишен спорт на Македонија (ФУСМ) ја продолжија веќе успешната соработка.

Од компанијата соопштија дека за реализација на идните проекти на Федерацијата, денеска се потпиша договорот за соработка меѓу Јанинка Чупаркоска, генерална директорка на „Кожувчанка“ и претседателот на ФУСМ, проф д-р. Александар Туфекчиевски.

Имајќи иста цел, најмасовната спортска организација во Македонија и секогаш општествено одговорната компанија „Кожувчанка“, се сложија дека преку спортот инвестираме во младите и дека тоа е најдобриот начин за развој на децата, велат од „Кожувчанка“. 
  



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...