Во чест на прославувањето на 25 години од своето постоење, „Рептил“ во соработка со својот партнер myWorld во текот на ноември им овозможува на потрошувачите поинакво шопинг-искуство.
Потрошувачите кои се членови на myWorld со секое пазарување во маркетите „Рептил“, или онлајн на нивната веб-страница marketonline.mk, промотивно во текот на ноември добиваат 5% Super Cashback од износот на пазарувањето и одреден број шопинг-поени. Поените, подоцна, може да се искористат за дополнителни попусти на одредени производи во маркетите на „Рептил“ кои може да се најдат во benefitlounge-от на веб-страницата на myWorld. Вратените средства може да се користат за повторно пазарување со дигитален ваучер – eVoucher.
Освен со myWorld, „Рептил“ обезбеди промоции во соработка со „Дајнерс“, НЛБ, „Халк банка“.
„Рептил“ прославуваат 25 години од своето успешно работење и како што најавија, заедно со своите партнери, на потрошувачите ќе им обезбедат месец исполнет со многубројни попусти и промоции.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.