Македонија

Четвртата конференција за е-трговија ќе се одржи во ноември

07 Sep 2021

Под мотото „Ready, set, grow!“ на 12 ноември по четврти пат ќе се одржи годишната конференција за е-трговија, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ).

Годинава конференцијата ќе се одржи во хибриден формат – учесниците ќе можат да одберат дали да учествуваат со физичко присуство или да ја следат конференцијата преку интернет.

Организаторите најавуваат висококвалитетна програма, исполнета со истакнати меѓународни и домашни говорници кои преку предавања, панел-дискусии и неформални разговори ќе ги пренесат експертизите и искуствата од областа на е-трговијата, дигитализацијата и дигиталниот маркетинг.

Главниот акцент годинава ќе биде на можностите за пораст на бизнисите во е-трговија, по многубројните адаптации што беа направени речиси во сите сфери од работењето, како одговор на глобалната пандемија. Програма ќе вклучи пет главни теми: дигитализација и дигитална нација; влијанието на ковид-19 врз е-трговијата; безбедност на е-плаќањата, довербата и легислативата; трендовите во дигиталниот маркетинг; улогата на жените и родовата еднаквост во дигиталниот свет.

Темата „Ready. Set. Grow!“ е инспирирана од забрзаното темпо што го наметна пандемијата, на кое компаниите успеаја да се адаптираат преку воведување е-трговија и имплементација на нови алатки. Денес компаниите се поподготвени (ready) и позиционирани (set) за забрзан пораст на онлајн-продажбата (grow), изјави Нина Ангеловска, претседател на АЕТМ.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...