Македонија

Промена во менаџментот на „Жито лукс“

01 Sep 2021

Компанијата „Жито лукс“ преку Македонска берза објави дека има промени во органите на управување.

Друштвото извести дека Николаос Калимерис се отповикува од позицијата потпретседател на Управниот одбор и заменик генерален директор на „Жито лукс“, додека Георгиос Вретос се назначува за нов потпретседател на Управниот одбор и заменик генерален директор.

Исто така, и Киро Ристески се отповикува од позицијата член на Управниот одбор, а како нов член е назначен Панагиотис Папанастасиоу.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...