Македонија

Бидете спонзор на 7 FMCG SUMMIT SKOPJE 2021!

25 Aug 2021

И оваа година InStore и „Кликер маркетинг“ ја продолжуваат мисијата за поддршка и едукација на малопродажниот сектор и го организираат 7 FMCG Summit Skopje 2021 - најголемиот трговски настан во годината.

7 FMCG Summit Skopje 2021 ќе се одржи онлајн на 28 октомври и ќе биде целосно бесплатен за следење. На самитот ќе говорат 10 професионалци од различни сфери од секторот кои ќе се претстават со свои презентации.

Спонзорството веќе го потврдија компаниите VERO, ORBICO и GEBRRÜDER WEISS.

ЗОШТО ДА БИДЕТЕ СПОНЗОР НА 7 FMCG SUMMIT?

  • Присуството како спонзор го зајакнува имиџот на компанијата
  • Ја зацврстува позицијата на брендот
  • Овозможува презентирање на брендот пред поширока публика
  • Ја потенцира стабилноста на компанијата во поинакви услови на работење
  • Ја покажува подготвеноста на компанијата спонзор да препознае и да се адаптира на нови начини на комуникција и максимално да ги користи маркетиншките алатки во секоја форма
  • Со спонзорството на самитот компанијата испраќа порака за висока општествена одговорност кон целокупниот сектор

РЕКЛАМИРАЊЕ НА САМИТОТ: Самитот оваа година ќе се рекламира исклучиво онлајн со големо присуство во дигиталниот простор преку банери, ПР текстови и реклами, како на веб така и на социјалните мрежи. Ќе се таргетира првенствено македонската публика, но и деловните луѓе од Косово, како пазар доста близок на македонскиот и потенцијално интересен за спонзорите.

ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА СПОНЗОРИТЕ: Спонзорите оваа година ќе бидат рекламирани со свое лого и свои рекламни спотови кои ќе бидат емитувани за време на самитот. Логоата на спонзорите ќе бидат објавени на сите најави на самитот. Спонзорите ќе бидат комуницирани во сите текстови и објави во магазинот InStore, како и во њуслетерот на InStore и веб страницата www.instore.mk.

За спонзорските пакети, контактирајте нè на:

meri@instore.mk

+389 2 3067 572; +389 71 262 441

КОЈ ЌЕ ГО СЛЕДИ FMCG SUMMIT 2021?

ТРГОВЦИ - големи синџири супермаркети, локални синџири маркети, хард-дисконтери, топ-менаџмент, набавка и продажба, трејд-маркетинг и маркетинг, логистика и дистрибуција, човечки ресурси.

ПРОИЗВОДИТЕЛИ - топ-менаџмент, продажба и извоз, маркетинг и трејд-маркетинг, технолози, аналитика

ДИСТРИБУТЕРИ - топ-менаџмент, продажба и маркетинг, дистрибуција и логистика, човечки ресурси

ПРИДРУЖНА ИНДУСТРИЈА - опрема, софтверски и хардверски решенија, технологија

АГЕНЦИИ - истражувачки и консултантски агенции, маркетинг и ПР-агенции, едукативни центри, комори во малопродажниот сектор

ДРУГИ - студенти, професори, научен кадар



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...