Македонија

АХВ повлече од пазарот небезбедни кремови за готвење и бази за сладоледи

09 Aug 2021

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) откри небезбедни  кремови за готвење и бази за сладоледи кај увозници од Струга и Струмица.

При инспекциската контрола кај опереатиорот со храна „Гајрет ДООЕЛ“ од село Лабуништа, утврдено е дека увезениот производ од Италија, (крем за готвење) BRAVO CREAM CUSIMA MK L 0,2X24, со лот број 21089, посочен во РАССФ нотификацијата, не
е безбеден за консумација поради утврдено присуство на етилен оксид. Во магацинот на увозникот затекната е количина од 1. 440 парчиња од овој производ со лот 21169 со рок на употреба 13.06.2022 година, а не е пронајден истиот производ со лот број 21089
наведен во нотификацијата. На овој оператор со храна наложено му е да изврши отповикување/повлекување од пазарот на посочените производи.

До потрошувачите апелираме доколку го набавиле небезбедниот производ со наведениот сериски број/лот и рок на употреба, истиот да не го консумираат, односно да го вратат од таму од каде што го купиле или нештетно да го отстранат. Инспекциска контрола спроведена е и кај операторот со храна ДПТУ „Агрома“ од Струмица кому поради утврдено присуство на етилен оксид во неколку производи увезени од Италија, наредено му е да изврши отпповикување/повлекување на производите наведени во нотификацијата. Со контролата утврдено е дека производите биле делумно продадени на познати оператори, а делумно се складирани во магацин во Скопје (AI7YOS ГОЛД 50- млечна база за сладолед -120 килограми и AI70XE АИМАРА ТУТО КАКО - база за сладолед 63 килограми), соопштија од АХВ. 

Отповикувањето/повлекувањето за овој оператор се однесува на следниве производи:
1.AI7YOS ГОЛД 50- млечна база за сладолед
Сериски број/лот 21140
Датум на производство 20.05.2021
Датум на употреба 04.05.2024

2. AI70XE АИМАРА ТУТО КАКО - база за сладолед
Сериски број/лот 21088
Датум на производство 29.03.2021
Датум на употреба 13.03.2024

3. AV23AA МАСТЕР ГОУРМЕТ ГОЛД – растителен крем
Сериски број/лот 21070
Датум на производство 11.03.2021
Датум на употреба 06.03.2022

4. AV20IQ МАСТЕР ГОУРМЕТ-ШЕФ
Сериски број/лот 21084 и 21089
Сериски број/лот 21084:

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...