Македонија

Повеќе од 400 компании на регионалниот економски форум во Скопје

29 Jul 2021

Денеска во Скопје ќе се одржи Економски форум за регионална соработка на кој се очекува да учествуваат преку 400 компании од  Македонија, Србија и Албанија, БиХ, Австрија, Полска, Грција. Ќе учествуваат и македонскиот премиер Зоран Заев, претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Албанија Еди Рама.

Економскиот форум е во рамките на иницијативата за соработка позната како „Мини Шенген“. На Форумот, освен што ќе биде објавено новото име на регионалната иницијатива „Мини Шенген“, ќе бидат потпишани два меморандума за разбирање и еден меѓудржавен договор за кој се најавува дека ќе го олесни животот на граѓаните од Западен Балкан и на бизнис заедницата.Меморандумот за разбирање за олеснување на увозот и извозот и движење на стоки во Западен Балкан и Договорот за соработка за заштита и спасување од катастрофи произлегуваат од иницијативата за напредна регионална економска соработка меѓу Македонија, Србија и Албанија.

Со третиот меморандум, договорните страни ја изразуваат својата волја да го олеснат движењето на луѓето за да обезбедат полесен и послободен пристап до пазарот на трудот, што значи отстранување на работни дозволи и поедноставување на постапките за добивање дозвола за привремен престој.Вучиќ, Рама и Заев, според најавите на Форумот, ќе претстават политичка и економска визија на интегриран регион.

Планирани се и бројни средби на бизнисмени од регионот, кои ќе се одржат по официјалниот дел на Форумот.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...