Македонија

Отворен е новиот „Рептил“ во Влае

02 Jul 2021

Во средата (30 јуни) беше отворен новиот маркет „Рептил“ во скопската населба Влае, на улицата Иван Цанкар, бр. 1.

Новиот маркет, кој е 18. објект во малопродажната мрежа на „Рептил“, се протега на продажна површина од околу 150 квардратни метри и 20 квадрати магацински простор. Располага со две наплатни каси, а за услугата се грижи персонал од 11 вработени. Широкиот асортиман на производи, покрај стндардните (не)прехранбени производи, вклучува и простран оддел за овошје и зеленчук, деликатеси, пијалаци, богат млечен асортиман...

Планот за 2021 година е остварен – отворени се два нови маркета. Во моментов немаме план за нови објекти, но доколку наидеме на прикладна локација, секако дека нема да ја пропуштиме, изјавија за InStore од менаџментот на „Рептил“, при што додаваат: Веќе сме достапни во повеќе населби во Скопје, со што им овозможивме на повеќе сограѓани да ја добијат најдобрата услуга во градот и да „пазарат со љубов и задоволство“.

Малопродажната мрежа на „Рептил“ брои 19 маркети и еден специјализиран „Рептил Special“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...