Македонија

Вината на „Тиквеш“ освоија 37 награди

24 јун 2021

Вината на „Тиквеш” и „Тиквеш Шату & Домен“ во последните два месеца се закитија со 37 медали на светските натпревари. На годинашното издание на Балканскиот интернационален вински натпревар освоија 15 медали од кои 10 злата и двојни злата.

Црвеното „Барово” од бербата 2018 доби трофеј за најдобра автохтона црвена сорта. Двоен златен медал освоија „Chateau de Gourdon Terrasse a L’Ombre”, „Chateau de Gourdon Vase de Pierre” и повторно „Барово” црвено, сите од бербата 2018. Постигнувањата на „Тиквеш” се остварени во конкуренција од околу 1.000 вина од Балканот, Централна и Источна Европа.

Последниве награди се уште една потврда за врвниот квалитет на нашите вина, кои и на овие светски вински натпревари блеснаа во полн сјај. Нивното значење е огромно бидејќи укажува дека високото ниво на квалитет го одржуваме во континуитет. Исто така, големиот број на освоени награди е знак дека високиот квалитет е одлика на речиси сите вина од нашето портфолио. На ваков начин продолжуваме да го трасираме ѕвездениот пат на „Тиквеш”, изјави Радош Вукиќевиќ, генерален директор на Винарската визба „Тиквеш”.

На овој натпревар му претходеа и реномираниот француски вински натпревар „Citadelles Du Vin”, како и еден од највлијателните натпревари за вино во светот „International Wine Challenge” кој се одржа во Лондон. На овие две вински натпреварувања вината на „Тиквеш” освоија 22 медали и признанија, меѓу кои и специјалната награда „MACEDONIA SPECIAL PRIZE“ за розето „Alexandria Cuvée” од бербата 2020.

Во текот на мај и јуни оваа година „Тиквеш” се закити со вкупно 37 нови награди и признанија на три различни вински натпревари. На винарницата ѝ беа доделени две специјални награди, три двојни и седум единечни златни медали, 15 сребрени и осум бронзени медали, како и шест пофалби. Вината на „Тиквеш”од почетокот на годинава освоија 48 медали и признанија на натпревари одржани во Кина, Франција, Германија и Велика Британија.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...