Македонија

Речиси 70 отсто од присутните германски инвеститори повторно би инвестирале во земјава

31 May 2021

Речиси 70 отсто од сите инвеститори повторно би инвестирале во Северна Македонија. Тоа претставува солидна основа за понатамошен развој на германско-македонските економски односи, порачaa германскиот заменик амбасадор Ото Граф и претседателката на Македонско-Германското стопанско здружение, Мирјана Симоновска Ќука, во заедничката изјава за анкетата за деловната клима во земјава што ја спроведува Делегацијата на германското стопанство. 

Како и секоја година ширум светот, така и оваа, посочуваат, Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија спроведе анкета за деловната клима, со која се информираше за мислењето кај компаниите - членки.

Очекувано, стопанството е загрижено за последиците од ковид - пандемијата. Членките на Стопанското здружение ги наведоа и проблемите со правните и политичките услови, велат во изјавата и додаваат дека  Делегацијата на германското стопанство и Германската амбасада и понатаму ќе работат доверливо со македонската Влада за подобрување на овие рамковни услови.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...