Во истражувањето „Best Buy Award“ за 2021/2022 година, спроведено до страна на швајцарската организација ICERTIAS, по втор пат брендот Виталиа беше оценет со највисока оцена за најдобар сооднос помеѓу цена и квалитет според изборот на македонските потрошувачи во категоријата „житарки за појадок“.
Не радува фактот што македонските купувачи ги препознаваат бенефитите на нашите производи и ја оценуваaт вредноста на производите од Виталиа во поглед на квалитетот и цената. Потрошувачите знаат што е најдобро за нив, а ние ќе продолжиме со исполнување на нивните потреби и комплетна грижа за нивното здравје преку производство на висококвалитетни и иновативни производи, изјавија од „Виталиа“.
Истражувањето е спроведено на почетокот на 2021 година со 1200 испитаници над 18 години, кои требале да се изјаснат кој бренд според нив нуди производи со најдобра вредност за вложените средства според нивното лично искуство.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.