Во соработка со Техничкиот универзитет во Берлин, врз основа на засега единствена, научно заснована метода, dm разви нова линија на производи, кои не само што се неутрални за климата, туку се неутрални за животната средина. Влијанијата врз животната средина, кои настануваат при производство и одлагање на производите се целосно анализирани и редуцирани.
Производите се креирани со најдобар можен еко-биланс, додека неизбежните еколошки влијанија се компензираат во пет категории на животната средина: емисија на CO2 гасови, закиселување на водата и почвата, фотохемиски смог, еутрофикација и оштетување на озонската обвивка.
Со Pro Climate производите проширена е понудата на dm марките Denkmit, alverde, Sundance, Jessa и Sanft&Sicher, а таа опфаќа тоалетна хартија, циклусни влошки, производи за сончање, нега на коса, тело и лице, како и детергенти за миење садови и перење алишта. Моментално, на полиците на dm, може да се најдат 13 нови производи од линијата „Pro Climate“.
Една од најважните цели на dm е придонесот да ја заштити животната средина во секој сегмент од нашето работење, а производите од сопствените dm марки во тоа играат голема улога. Лидерската позиција на пазарот сакаме да ја искористиме за да поставиме нови, одржливи стандарди на работење. Затоа, во понудата на dm марките развивме нова линија производи - Pro Climate, со кои придонесуваме за обновување на еколошката рамнотежа преку процеси за ренатурација, изјави Предраг Петровиќ, раководител на секторите набавка и маркетинг, логистика, прокурист во dm С.Македонија и Србија.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.