Македонија

ЕУ прогнозира економски пораст од 3,7% на Македонија

14 May 2021

Европската Унија прогнозира економскиот пораст во земјава годинава да биде 3,7% и закрепнувањето да се забрза во текот на годината.

Очекувањата се дека во 2022 година порастот на економијата ќе биде 3,8%. Закрепнувањето, според ЕУ, ќе се должи главно на домашната побарувачка, додека надворешниот сектор веројатно нема да придонесе за пораст.

Овие прогнози се пониски од тие што во понеделникот ги презентираше Народна банка, според која порастот на домашниот бруто-производ годинава ќе биде 3,9%, а исто толкав ќе биде и следната година. За 2023 година се очекува тој да достигне до 4%. Според макроекономските проекции на централната банка, инфлацијата годинава би била 2,2%, што е зголемување во споредба со претходната проекција која изнесуваше 1,5%.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...