По повод велигденските празници, „Битолска млекара“ во следните месеци ќе донира вкупно 1 тон чоколадно млеко за СОС Детско село.
При доставата на донацијата, што се реализира во согласност со мерките за претпазливост поради пандемијата со Ковид-19, и повторно во духот на Велигден, за децата од СОС Детско село беа донесени и црвени велигденски јајца.
Преку честите донации во опрема и производи за СОС Детско село, „Битолска млекара“ се докажува како посветен поддржувач на заложбите на глобалната хуманитарна организација за згрижување и обезбедување топол дом за секое дете, истакнуваат од компанијата.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.