Во рамки на независното истражување Best Buy Award за 2021/2022 година што го спроведува швајцарската организација ICERTIAS, „Веро“ е добитник на наградата за најдобар однос помеѓу цената и квалитетот според мислењaта, искуствата и изборот на потрошувачите во земјава.
За менаџментот на компанијата, наградата е потврда дека потрошувачите ги препознаваат заложбите на „Веро“ да обезбеди голем избор на најквалитетни производи и најдобри цени.
Сите награди и признанија се значајни, но оние што доаѓаат лично од потрошувачите за нас имаат огромно значење. Нема подобра препорака од препораката која доаѓа од самите потрошувачи. Искрено се гордееме што сме добитници на вакво престижно признание и што потрошувачите го препознаа нашиот напор и истрајност. Заедно со нашите домашни и странски добавувачи континуирано работиме на зголемување на понудата на домашни и странски производи што ќе бидат прилагодени на потребите и очекувањата на нашите потрошувачи. Оваа награда ќе биде мотив повеќе да продолжиме да ги ослушнуваме нивните потреби и да им излеземе во пресрет на нивните желби, што ни претставува особено задоволство, вели Петар Денковски, генерален директор на „Веро“.
Истражувањето во земјава е спроведено во текот на јануари 2021 година на репрезентатативен примерок од 1.200 испитаници постари од 18 години кои се чести потрошувачи на различни синџири маркети. Секој испитаник во анкетата требаше самиот да го впише името на супермаркетот во кој добива најдобар однос помеѓу цената и квалитетот.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.