По повод 30 години јубилеј на „Макпрогрес“- Виница и 20 години јубилејот на СОС Детско село, „Макпрогрес“ иницира хуманитарна кампања „Растеме заедно за детство со насмевки“ преку која со секое купување на производот „кејк“ од брендот Vincinni се донираат по 5 денари. Донацијата е наменета за децата и младите без родителска грижа.
Производите „кејк“ со хуманитарна ознака веќе се дистрибуирани низ продажните места.
Општествена одговорност на нашата компанија од секогаш била дел од стратешкото планирање и секоја година внесуваме нови иницијативи за импакт во општеството во кое ние работиме и се развиваме. Долгорочната соработка и поддршка кон СОС Детско село не инспирираше во креирање на ваква кампања во која ќе можеме да ги вклучиме и нашите потрошувачи. Посебно оваа година во која поради негативните ефекти од светската пандемија сите ние и како индивидуи и како компании треба да ја покажеме солидарноста и емпатијата кон најранливите – децата без родителска грижа, изјави Маја Цветанова, маркетинг менаџер на Vincinni
Особено сме горди и благодарни што имаме стратешки партнер како „Макпрогрес“ коj низ годините несебично ја помага нашата работа. Ги повикуваме сите граѓани да се вклучат во кампањата со купување на производот кејк од Vincinni и на тој начин ќе ја поддржат кампањата и да донираат за СОС Детско село. Индивидуалната одговорност на секој од нас е многу важна за општеството. Тоа е можност секој поединец да споделува вредности со хумана мисија и да овозможува остварување на нивните цели. А наша цел е топол дом и грижа за секое дете, изјави националната директорка на СОС Детско Село, Јулијана Накова Гапо.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.