Македонија

„Битолска млекара“ се стекна со сертификат „Фер со потрошувачот“

15 апр 2021

„Битолска млекара“ го доби сертификатот „Фер со потрошувачот“ и како што истакнуваат од компанијата, освен потврдениот висок квалитет на производите, сертификатот е добиен и заради покажаната грижа за безбедноста и здравјето на потрошувачите, изградениот однос, транспарентноста и едукацијата.

Стекнувањето со сертификатот опфаќа широк опсег обврски што компанијата ги исполнува, а се однесуваат на различни нивоа во односот кон потрошувачот каде како компанија ја докажавме својата грижа и посветеност. Сегашната потврда од надлежните инстанции, само нè увери дека сме на правиот пат и нè поттикнува за градење уште поблизок однос со потрошувачите и веруваме дека истиот дополнително ќе ја зголеми довербата што во континуитет ја добиваме од нив, велат од Бимилк.

Од команијата истакнуваат дека е изграден транспарентен однос со потрошувачите со користење фер пазарни практики при информирање, рекламирање, означување и преку општествено одговорни практики и со иницијативи за безбедна и правилна употреба на производите која нема да и наштети на животната средина.

Сертификатот се доделува од Организацијата на потрошувачи на Македонија, асоцијацијата „Зенит“ и здружението на бизниси и консултанти „Креација“, кои исто така се и верификатори на исполнетоста на обврските за стекнување со сертификатот.

Покрај овој сертификат, „Бимилк“ поседува врвен стандард за управување со квалитетот и контрола на безбедноста на храната - ISO 22000 (интегриран стандард од HACCP и ISO 9001) и стандард за заштита на животната средина ISO 14000 како и стандард за здравје и безбедност при работа ISO 45001  кои постојано ги надградува и унапредува.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Вчитува уште новости...