Македонија

Светска банка: Годинава раст на македонската економија од 3,6 отсто

01 Apr 2021

Светска банка (СБ) во најновиот извештај предвидува дека македонската економија годинава ќе забележи раст од 3,6 отсто. За следната година, предвидувањата на Светска банка се дека економијата ќе порасне за 3,5 отсто.

Од земјите во регионот најголем раст за годинава е предвиден за Црна Гора од 7,1 отсто, потоа Србија од 5, Албанија 4,4 , Косово 4 и Босна и Херцеговина од 2,8 отсто, покажува извештајот на СБ.

За 2022 година Светската банка прогнозира раст на економијата во Црна Гора и Косово од по 4,5 отсто, во Србија и Албанија по 3,7 и по 3,5 отсто за Македонија и Босна и Херцеговина.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...