„Жито лукс“ лансира два нови вкуса двопек - пченичен со сусам и просо и пченичен со сусам.
Од компанијата велат дека се направени според традиционален рецепт и со внимателно избрани состојки со висок квалитет.
Новите двопеци овозможуваат вистинско уживање во магијата на крцкавото лепче. Новите два вкуса им нудат на потрошувачите одличен избор за совршена балансирана исхрана, погодни за брзи, лесни и здрави оброци и претставуваат идеален избор за секој период од денот, соопштија од „Жито лукс“.
Достапни се во две внатрешни практични пакувања со по седум парчиња што овозможуваат двопекот да се консумира постојано свеж. Двата вкуса веќе се во малопродажната мрежа.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.