Синџирот маркети „Жито“ ја отвори својата нова продавница во општина Илинден, која е 60-та низ целата држава. Новиот маркет се наоѓа на улица 8, број 77 и е втор по ред во оваа општина. Маркетот е распространет на површина од 700 м2, со три наплатни каси и со тим којшто вклучува 18 вработени лица.
Отворањето на уште еден во низата маркети ја отсликува деловната политика на нашата компанија и е нова потврда за довербата којашто ни ја укажуваат македонските граѓани. А, ние таа доверба ќе ја оправдаме преку професионалната услуга, популарната ценовна политика и широкиот асортиман на производи. Следењето на овој концепт, всушност, е наш приоритет кон задоволување на потребите на нашите купувачи, коишто добиваат вредност плус за нивниот буџет, изјави Стојанче Тодороски, административно-технички директор на „Жито“.
Новиот маркет е дизајниран и опремен во согласност со европските стандарди за пазарење, со сопствен паркинг простор и со пристап за лица со инвалидност. Асортиманот на продавницата е исклучително разновиден, со најразлични категории производи по најповолни цени, вклучително и сопствениот приватен бренд на „Жито“, брзорастечката “5ка”. Маркетот располага со поголем простор за свежо овошје и зеленчук, што секојдневно се надополнува, од добавувачот „Фруитленд“. Оваа продавница вклучува засебен оддел за продажба и на производи коишто не спаѓаат во прехранбената категорија.
Новиот маркет е отворен седум дена во неделата, со работно време од 7 часот до 21.30 часот од понеделник до сабота, а во недела и празници од 8 часот до 16 часот.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.