Македонија

Бесими најави нов Даночен календар и Царински тарифник

05 Mar 2021

До крајот на март треба да излезе првичниот драфт на Царинскиот тарифник со одредени усогласувања на царинските стапки како што барааа компаниите, а драфтот за даночниот календар може да се очекува следната недела, рече министерот за финансии, Фатмир Бесими на работната средба во Стопанската комора. .

Бесими нагласи дека земјава ќе треба да ги има во целост усогласено царинските стапки со оние на ЕУ кога ќе стане нејзина членка, но сепак ќе гледа и сега, во соработка со коморите, да дизјанира најсоодветен пакет.

На 17 ноември на владина седница се формира работна група која е во постојана комуникација и со членки на коморите. Според динамиката, би требало до крај на март или евентуално една до две недели подоцна да има првичен драфт. Одиме со усогласување на номенклатурата, но и со тоа што беше барање на одредени инвеститори во однос на усогласување на царинските стапки. Имаме некои царински стапки кои се пониски или повисоки од оние во ЕУ. Ќе гледаме, во смисла на зголемување на конкурентноста, да ги усогласиме, напомена Бесими.

За драфтот за даночниот календар потсети дека е веќе споделен со стопанските комори. Ако се усогласи, може да се објави веќе наредната недела.   

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...