Македонија

Додека трае пандемијата, неделата нема да се прогласи за неработна

23 Feb 2021

Законот за работни односи со кои ќе биде забрането работењето во недела за повеќето дејности нема да се донесе додека трае пандемијата, најави вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.  

Три месеци дебатиравме досега за овој предлог-закон, а планираме да дебатираме уште три месеци пред да аплицираме во Собранието. Ние во овој период додека трае епидемијата не сакаме финансиски да им наштетиме на работодавачите, рече Битиќи.

Претходно, пак, Крешник Бектеши, министерот за економија, рече дека лично е против евентуално решение трговските центри да не работат во недела. Според него, во блиска иднина ќе се инвестира и ќе се изградат и други големи трговски центри, па поради тоа нема да биде добро ако им се забрани да работат во вториот ден од викендот.

Законско решение во кое недела ќе биде прогласен за неработен ден, побара Синдикатот. Дебатите за предлогот се уште траат. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...