Македонија

„Европа“ купи акции во „Фершпед“

22 Feb 2021

Компанијата „Европа“ Скопје купи 200 обични акции од шпедитерската компанија „Фершпед“ и го зголеми својот удел на 9,66 отсто.

Фабриката за чоколади сега поседува вкупно 1.749 обични акции или 9,66 % од основната главнина на друштвото.

Цената на акциите кои ги плати „Европа“ е 61.000 денари по акција, за што плати 12.200.000 денари (198.000 евра). „Фершпед“ информацијата ја објави на Македонска берза.

Покрај „Европа “  која сега поседува 9,66 отсто од акциите во сопствениката структура на „Фершпед“  се браќата Накови (синовите на Штерјо Наков) од кои Сашо има 11,05 отсто, а Драган 11,83 отсто, „Макошпед“ кој поседува  19,65 отсто од акциите. Овие четворица акционери заедно контролираат 51 отсто од акциите на „Фершпед“.

Драган Наков инаку е најголем поединечен акционер „Европа“ и поседува над 22 отсто од акциите, а неговиот брат Сашо Наков е член на Управниот одбор.

Извор: plusinfo.mk 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...