Македонија

Моника Белучи „гостин“ на 99-годишнината од Стопанската комора на Македонија

18 Feb 2021

Денеска Стопанската комора на Македонија слави 99 години од основањето.

По тој повод, Бранко Азески, претседател на Комората, објави дека на прославата е „поканета“ филмската ѕвезда Моника Белучи, покрај австрискиот канцелар Себастијан Курц, претседателот на Србија Александар Вучиќ, премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ, бившиот премиер на Грција Алексис Ципрас, бившиот претседател на Хрватска Стипе Месиќ, милијардерите Бранко Роглиќ („Орбико“), Миодраг Мишковиќ („Делта холдинг“) и Рифат Хисарчиоглу од Турција, претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, гувернерката Анита Ангеловска-Бежовска и повеќе стотици други бизнисмени, министри, соработници и пријатели на Стопанската комора на Македонија.

Претпоставувате – тие ќе бидат дел од специјалната емисија насловена „99 години Стопанска комора на Македонија“, која ќе се емитува на нашите телевизиски куќи, поради една и единствена причина – мерките што се во сила за заштита од актуелната пандемија предизвикана од вирусот корона. Од истите причини, за првпат во својата историја, Стопанската комора на Македонија и традиционалните  награди ги додели во компаниите, а не во своето седиште, во куќата на бизнисот, на „Димитрие Чуповски“ бр.13. Се надевам дека сите овие личности кои ќе ги гледате на телевизиските екрани овие денови ќе бидат присутни во живо на 18 февруари 2022 година, кога ќе ја славиме 100-годишнината на Комората, напиша Азески. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...