Македонија

Битиќи: Недела ќе биде неработен ден, повисоки дневници за тие што мораат да работат

08 Feb 2021

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, најави дека недела ќе биде неработен ден, а оние што ќе работат во недела ќе бидат соодветно платени и ќе добијат слободен ден.

На гостувањето во дневникот на телевизија „Сител“, Битиќи посочи дека пред крај е конечното законско решение и исклучок ќе бидат 34 дејности кои ќе работат и во недела.

Веќе сме пред крајното решение. Имаме уште мали нијанси и сметам дека следната недела ќе ги прецизираме. Ќе има исклучоци – 34 дејности и дејностите кои се поврзани со основните дејности. Оние кои ќе работат во недела ќе треба да бидат платени според колективните договори потпишани во секоја гранка и да добијат дополнителен ден одмор, рече Битиќи.

За неработна недела три месеци се чека одлука од државата

Она за што уште се разговара е дали слободниот ден ќе треба да биде искористен веднаш во наредната работна недела или до крајот на следната недела.

Како што е познато Синдикатот бара недела да биде неработен ден за сите освен за армијата, војска, здравтсво или фабрики кои не може да го прекинат производството.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...