Со донација од брашно и леб, „Жито лукс“ ќе го помага работењето на народната кујна што се отвори во Шуто Оризари.
Компанијата го поддржа проектот на Општина Шуто Оризари и го поздравува отворањето на народната кујна како начин на вистинска и искрена грижа за оние што имаат потреба.
Постоењето на народна кујна е концепт во кој како компанија силно веруваме и затоа го поддржуваме, да се даде непосредна, континуирана, секојдневна помош на лицата на кои помошта им e најпотребна. Со секојдневна донација ќе бидеме присутни и тука, овозможувајќи им на граѓаните кои се во социјален ризик да добијат топол оброк и свежо печен леб. Веруваме дека оваа народна кујна ќе биде место каде што сите граѓани што имаат потреба ќе најдат топол оброк и овој пример ќе се следи и понатаму и во другите градови каде што има потреба, велат од „Жито лукс“.
Народната кујна е проценето дека секојдневно ќе опслужува повеќе од 200 семејства кои се во социјален ризик.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.