Македонија

„Подгорка“: Инвестиции и во 2021 година

16 Dec 2020

„Подгорка“ најави дополнителна инвестиција од над 2 милиони евра, откако во 2019 година вложи околу 7 милиони евра во нов објект. Инвестицијата е за проширување на расекот и преработките на производи од месо.

Новиот објект се простира на 12.000 м², затворен простор од околу 4.500 м² во кои има простор за складирање на свежо јунешко и телешко месо, расекување и пакување, простор за складирање и чување на расечените и спакувани производи. Исто така во објектот има ладилни комори со можност за сместување на околу 1.200 палетни места замрзнати и производи за одржување. Со оваа инвестиција овозможени беа 40 нови вработувања за една година.  Од овој објект годинава излегоа нови производи со пакувано свежо јунешко месо во мап-пакување.

Годинава, компанијата понуди нов асортиман производи - пакувано сгвежо јунешко месо во мап пакување (и тоа шницла, коцки, мелен микс, ќебапи и плескавици).

Поставувањето на полица во време на корона-кризата е тешко од повеќе причини и тоа: прво, затоа што овие производи се поквалитетни и нормално поскапи, а стандардот во државава го знаеме каков е. Второ, навиките кај нашите граѓани се сè уште да купуваат смрзнато месо и трето - не само граѓаните туку и трговците се неодлучни и неспремни да ги користат овие наши производи на кои им треба посебен начин и режим на чување, изјави Мевмед Џемајлоски сопственик на „Подгорка“ (на фотографијата).

Оттаму истакнуваат дека кризата во работењето уште повеќе доаѓа до израз поради ограничувањата во кои работат хорека-купувачите.

Идејата за ваков тип производи е добиена од многубројните посети на различни саеми, но и од искуството на нивните партнери, чии производи ги дистрибуираат на македонскиот пазар.

„Подгорка“ како и целата светска економија е засегната од пандемијата и не се постигнати очекуваните резултати, но досегашното наше работење е позитивно. Од средината на наредната година ќе се стави крај на оваа пандемија и очекуваме зголемен обем на работа, стабилен и планиран пораст, објасни Џемајлоски.

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...