Македонија

Народната банка ја влоши прогнозата - очекува пад на БДП од 4,9 отсто

07 Dec 2020

Народната банка ја ревидираше прогнозата за раст на бруто домашниот производ(БДП)  за оваа година на минус 4,9 отсто, што е влошување за цели 1,4 процентни поени во однос на априлската проекција кога предвидуваше пад на БДП од 3,5 отсто.

Ова го соопшти денес на прес конференција гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска Бежоска, на која ги презентираше на најновите макрокоеномски проекции за оваа и за наредните години.

Поради ефектот од вториот бран на ковид-кризата и влошувањето на надворешната побарувачка за домашни производи кај нашите главни надворешно трговски партнери кои исто така се соочуваат со продолжување на кризата, се очекува и поспоро закрепнување на македонската економија во наредната година.

Така, како што објасни гувернерката Ангеловска Бежоска, во 2021 година растот на БДП ќе биде 3,9 отсто, во 2022 година ќе изнесува 3,6 отсто, а во 2023 година се очекува раст на БДП од 4 отсто.

Ова значи дека економијата ќе се врати на предкризното ниво во 2022 година, рече Ангеловска Бежоска. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...