Македонија

Интернешнал фреш фуд отвори фабрика за производство на пилешко месо

27 Nov 2020

Конзорциумот на домашни и странски инвеститори „Интернешнал фреш фуд“ во кривопаланечко  Гиновци го означи почетокот на работа на фабрика за пилешко месо која во следните пет години ќе надмине над 50 милиони евра.

Во фабриката ќе бидат вработени 3.000  работници.

Станува збор за инвестиција по највисоките европски стандарди со фокус на модерно производство на свежо пилешко месо и амбициозен план за изградба на фарми, кланици и хали низ целата држава.

За прв пат во земјава ќе има сериозно производство на пилешко месо и отвара можност на нашата земја да извезува за странски пазари, iзјави премиерот Зоран Заев на отварањето.

Абдулезел Догани од  „Интернационал Фреш Фуд” истакна дека покрај придонесот за намалување на увозот на свежо пилешко месо во земјава, ќе се зголеми и извозот на странските пазари.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...