Македонија

Исплатени околу 15 милиони евра помош за октомвриските плати на над 58.000 вработени

24 ное 2020

Управата за јавни приходи одобри 13.695 барања за финансиска поддршка за исплата на плати на вработените за октомври.

Од нив 11.954 работодавачи веќе ги добиле парите, па за октомвриската плата на над 58 илјади вработени исплатени се близу 15 милиони евра.

Оваа помош, која е една од мерките од четвртиот антикризен пакет задоцни и го надмина рокот за исплата на платите, кој истекува на 15 во месецот, поради подоцнежното носење на законот со кој таа е овозможена. Затоа, дел од компаниите кои аплицираа претходно во рамите на своите можности им ја исплатија октомвриската плата на своите вработени, а потоа со исправка на обрасците побараа да им се префрли државната помош. Од УЈП велат дека ги обработуваат обрасците и дополнително ќе информираат за овие случаи.

Вкупната исплата досега изнесува 907.292.339 денари, а опфатени се 58.302 вработени. Во тек е процесирање на исправките на обрасците БФП-ИП/2 и образецот за месечна пресметка за интегрирана наплата (МПИН), по чија обработка Управата за јавни приходи дополнително ќе информира со соопштение, наведуваат од Управата.

Со оваа мерка државата ќе им помогне на работодавците со намалени приходи поради корона-кризата да им исплатат на своите вработени плати за октомври, ноември и декември. За разлика од ваквата помош од вториот и третиот пакет антикризни мерки кога по вработен се исплатува по 14.500 денари, сега помошта е скалеста. Во зависност од тоа колку му се намалени приходите, работодавецот добива од 14.500 до 21.776 денари по вработен.

Најавено е дека на овој начин ќе се поддржат 83.000 работни места со исплата на вкупно 250.000 плати за октомври, ноември и декември, за што се обезбедени 70 милиони евра.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



ССМ: Субвенциите за новиот пакет мерки да се дадат директно на работниците

12 јан 2021

Од 21 јануари угостителите ќе работат до 21 часот

12 јан 2021

„Бучен Козјак“ во соработка со Мој воздух постави мерни станици во повеќе градови

12 јан 2021

СКСЗМ: Корона-кризата згасна над 4.000 компании

12 јан 2021

„Соко Горица“ доби финансиска поддршка за развој на нови технологии

12 јан 2021

Земјава годинава домаќин на Балканскиот интернационален вински натпревар

12 јан 2021
Вчитува уште новости...