Македонија

„Витаминка“ и „Преспав“ донираат 100 таблети за семејствата во неповолна социјална положба

05 Nov 2020
„Витаминка“ и „Преспав“ донираат 100 таблети за семејствата кои немаат можност да купат смарт уреди за следење онлајн настава на своите деца.
 
Донацијата, што како иницијатива произлегува од „Витаминка“, а се приклучи и ОХО продукција, се одвива преку Министерството за образование и наука од каде го составија списокот на корисниците на донацијата и ќе се достават уредите до семејствата според приоритетот и потребите. Здравствената криза создаде нови услови во кои недостатокот од финансии, опрема и средства е се почест и во поголеми размери, а граѓаните посебно социјално загрозените семејства се соочуваат со најмногу проблеми, затоа е потребно бизнис секторот да помогне во секој аспект, велат од „Витаминка“ за инцијативата.
 
Во услови на пандемија во изминатата година граѓаните се соочуваат со големи предизвици, од економски, социјален и од образовен аспект. Покрај помошта на здравствениот сектор и на семејствата во социјален ризик, како компанија што високо го цени образовниот процес веруваме дека е многу важно обезбедување непречен и рамноправен пристап до образованието дури и во овие услови. Се надеваме дека со оваа донацијата ќе придонесеме кон тоа и ќе поттикнеме помасовна и поголема ангажираност на бизнис секторот во помошта кон граѓаните, велат од одделот за маркетинг во „Витаминка“.
 
Со реализација на донацијата ОХО Продукција, „Преспав“ и „Витаминка“ ги повикуваат сите деловни соработници да се приклучат на иницијативата за општествена одговорност и со здружени сили да дадат поддршка на образовниот процес со цел да го олеснат безбедното следење на наставата во време на пандемија за учениците кои потекнуваат од социјално загрозени семејства.
 
 
 
 
 
 
 
 


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...