Македонија

„Алкалоид“ со позитивни финансиски резултати и нови инвестиции

30 Oct 2020

„Алкалоид“ оствари вкупна сеопфатна добивка од 847.483.000 денари, во период од први јануари до крајот на септември годинава, што е 9% пораст во споредба со лани.

Според извештајот објавен на Македонска берза во деветте месеци од минатата година, компанијата имаше добивка од 738.605.000 денари.

Остварената консолидирана нето-добивка во 2020 година изнесува 847.483.000 денари и во споредба со остварената во 2019-та година, има зголемување за 15%, стои во образложението за остварените резултати.

Вкупните приходи од продажба во првите девет месеци достигнаа 8.929.100.000 денари, од кои на домашен пазар се реализирани 3.139.042.000 денари, додека продажбата на странски пазари е 5.790.058.000 денари. Од вкупните консолидирани продажби, 65% се остварени на странските пазари. Најголем пораст кај извозните пазари е остварен во Чешка (43%). Албанија бележи раст од 36%, Романија 30%, Грузија и Ерменија 15%, САД 14%, Словенија и Србија12%...

Вкупните инвестиции во основни средства во овој период изнесуваат 1.178.727.000 денари и се поголеми за 96% во однос на истиот период од 2019 година.

Како што соопштуваат од компанијата, во првите девет месеци во „Алкалоид“ се реализирани 175 нови вработувања. На крајот на септември 2020 година во компанијата, во Македонија, работат 1.822 вработени, додека во друштвата и во претставништвата во странство има вкупно 536 вработени или вкупно 2.358 вработени во групацијата. Во март годинава беше одобрен и исплатен регрес за користење годишен одмор на вработените во компанијата, во нето износ од 26.718 денари.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...