Македонија

За 43.000 лица е зголемен бројот на невработени од почетокот на кризата

22 Oct 2020

Заклучно со септември 2020 година, во Агенцијата за вработување се регистрирани 151.359 невработени лица.

Во евиденцијата на невработени, според објавените податоци, од почетокот на ковидкризата бројот на невработени е поголем за 43. 627 лица.

Од Агенцијата појаснуваат дека до 30 септември се евидентирани 14. 819 невработени лица по основа на прилив од работен однос за кои престанокот, односно одјавата од задолжително социјално осигурување е регистрирана во периодот по 11 март, односно во периодот на кризата предизвикана од ковид-19.Во текот на септември бројот на нови невработени е 13.702-во евиденција на невработени се пријавиле 2. 096, 3. 880 се симнати од евиденција на невработени по сите законски основи, 1.411 се лица од евиденција на други лица кои бараат работа, 7 102 се лица кои престанале да се водат во евиденција на невработени, а 1.385 лица преминале во евиденцијата на други лица кои бараат работа.

Во текот на минатиот месец само, 4.664 лица се вработиле, а слободни работни места објавени на Агенцијата се 5.754.

Од март кога почна ковид-кризата во евиденцијата на Агенцијата биле регистрирани 107.732 невработени лица, по што тој број по месеци се зголемува: во април тој број се зголемил на 114.762 лица, во мај на 121.187 лица, во јуни 133.455 лица, во јули на 141.777 лица, во август достигнува 144.759 невработени лица и во септември 151.359 лица.Од регионите најголем дел од лицата без работа останале во Скопскиот, во Тетово, Куманово и Гостивар. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...