FMCG Македонија 2022

(ФОТО) Почна 8 FMCG SUMMIT - салата исполнета до последно место

27 Oct 2022

Повеќе од 400 учесници  го следат 8 FMCG Summit што се одржува денеска, во хотелот „Александар Палас“, во организација на магазинот InStore и агенцијата „Кликер маркетинг“. 

Меѓу гостите се сопственици на компании и извршни директори од Македонија и регионот, менаџери, продажни агенти, раководство и членови од стопанските комори, производители, трговци, дистрибутери, претставници на компании од придружните индустрии на FMCG - секторот.....

Говорници на 8 FMCG Summit се: Реј Гаул, ко - основач и извршен директор во Retail Cities; Бојан Радун, CEO на „Имлек“, сопственик на „Нектар“; Мина Јанакиев, консултант за анализа на продажбата во „Нилсен IQ“; Ениса Селмановиќ - Салкиќосновач и извршна директорка на агенцијата Consultor, Сараево; Сашо Димоски, генерален директор на „Гебрудер вајс“ - Македонија; Дејан Митковски, експерт за продажба и бизнис - развој; Сашка Костовска Длака, финансиски фасилитатор;Емир Жуниќ, раководител на одделот за AI/IM во Info Studio; Урош Богдановиќ, радио и поткаст консултант; Филип Трифуновски, Емир Реџепагиќ, „Паком“. На панел дискусијата ќе дискутираат: Перица Вичишки, генерален директор на „Атлантик трејд“, Александар Илиев, претседател на СИЗ ЛКА, Борче Треновски, професор на Економскиот факултет на УКИМ и Јован Дабевски, експерт за млечната индустрија.

Програмата можете да ја видите тука.

                                            

Гостите на 8 FMGG Summit слушаат инспиративни презентации. Дел од темите се:  Hyperinflation = Hyper Reaction? – како различните трговци на мало ги одредуваат цените во новата ера на економска несигурност во Европа; Продажни преговори и предизвици – работи што другите не ви ги кажуваат;  Case study: одличните резултати на Studio samartWMS, smartTMS и Sales Forecasting во компанијата „Аман“ Storyselling – раскажете моќна приказна;  Која е тајната на победничките тимови;  Што „не е сеедно“ во менаџментот; Други извори на финансиски средства – како до нив? Деловните трендови во 2023 година за кои секоја компанија мора да се подготви;
 
Ќе следува и панел дискусија, насловена: Како да им светне на компаниите? Глобални предизвици и локални мерки – Дискутираат: Перица Вичишки, Јован Дабевски, Борче Треновски и Александар Илиев. За повеќе информации за самитот, следете го InStore и социјалните мрежи на InStore. 
 
 
 
 
 
 
 
 


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...