FMCG Македонија 2022

Гоце Камчев – премиерно на 8 FMCG Summit Skopje

14 Sep 2022

Повторно во живо и на старото место – во хотелот „Александар палас“, на 27 октомври ќе се одржи 8 FMCG Summit Skopje, на кој премиерно пред секторот ќе говори Гоце Камчев.

Гоце Камчев е сопственик и основач на „Кам“, еден од најголемите синџири за прехранбени и непрехранбени производи со маркети во Македонија, Бугарија и во Косово. Toj ќе зборува за актуелната ситуација и за сегашните предизвици со кои се соочуваат компаниите, но од друга страна и за борбата, истрајноста и инспирацијата во време на криза.

Камчев ја почнал работата во приватниот сектор како дистрибутер на увозни прехранбени производи. Со фирмата „Интеркам“ бил дистрибутер на големи европски компании како „Нестле“, „Д-р Еткер“, „Таи унион“ од Тајланд, „Балзен“, „Шолер“ и други. Почнал да се занимава со малопродажба и во 1999 година  го отвори првиот маркет „Камфуд“ во центарот на Скопје, на површина од 1.100 квадратни метри.

Го проучувал концептот на германскиот синџир „Алди“, кој се карактеризира со ниски цени, ограничен асортиман, малку продавачи, производи изложени во картонски кутии или на палети. Концепт кој за основа ги има ниските цени и сѐ е подредено на тоа, освен квалитетот на производите и платите на вработените.

Резервирајте го 27 октомври за да ги проследите најдобрите говорници од земјата, регионот и од светот.

КОТИЗАЦИИ

1 учесник – 199 евра

2 до 3 учесници од компанија – 177 евра по лице

4 до 6 учесници од компанија – 155 евра по лице

Повеќе од 7 учесници од компанија – 133 евра по лице

(Цените се без ДДВ)

ПРИЈАВИ И КОНТАКТ

е-пошта: info@fmcg-summit.mk



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...