Актуелни теми обработени од врвни и докажани професионалци од FMCG-индустријата, ќе може да ги проследите на 7.FMCG SUMMIT Skopje. И годинава, во организација на InStore и Кликер маркетинг, самитот ќе се одржи онлајн.
Следете нè и бидете во тек, бидејќи секојдневно објавуваме нови говорници. Претходно ги претставивме keynote говорникот и еден дел од говорниците, а во продолжение ви ги претставуваме и останатите говорници кои ќе го збогатат Самитот:
Илина Бакев, директорка на компанијата „Мамас“ (Mama’s) во Австрија, на оваа позиција доаѓа од канцеларијата во Скопје, каде долги години работела како интернационален продажен и маркетинг-менаџер Повеќегодишната работа за Mama's во Македонија, ѝ овозможи да го позиционира брендот како премиум, и тоа не само на локалниот пазар, туку и меѓународно, работејќи на целокупниот негов развој во однос на продажни и маркетинг-стратегии. Има огромно искуство во развој и управување со меѓународен бизнис. Изградена низ различни професии, секогаш на страната на меѓународниот бизнис, работела и продажба и маркетинг / ПР. Поседува широка перспектива за продажба, маркетинг, односи со јавноста и брендирање. Таа ќе го пренесе личното искуство за предизвиците за отворање компанија во ЕУ- земја, позиционирањето на нов бренд на тамошниот пазар, како и научените лекции за приспособување на стратегијата на новите услови.
Петар Бошкоски, менаџер за комерцијални операции во Филип Морис ТКП ДОО Скопје, докажан комерцијален менаџер кој има големо искуство во управување, менторство и поттикнување на работна култура фокусирана на потрошувачите во исклучително брзорастечка средина. Експерт во продажба, маркетинг и логистика со изразена опсесија кон потрошувачите, има долгогодишно искутво во различни FMCG (тутун, пиво, безалкохолни пијалаци, енергетски пијалаци и млечни производи) категории и работа на брендови како: IQOS, Marlboro, Coca-Cola, Heineken, Скопско, Monster Energy, Битолско и многу други. Вешт преговарач во сложени продажни проекти и иницијативи. Тој има испорачано резултати во текот на неговата кариера преку високо развиени вештини како: Лидерство, преговори, деловно планирање, RTM (route to market), GTM (go to market) и Trade/Shopper Marketing.
Борис Вукиќ, партнер и еден од основачите на „Adizes Southeast Europe“(ASEE) и виш соработник на Adizes Institute САД, каде што е сертифициран во 1995 година за водечки организациски промени. Негова прва работа како консултант за организациска трансформација со семејна компанија е уште од 1996 година. Во тој период проблемите на транзиција во семејните компании не постоеја, па и не се забележуваа. Зборувал на конференции на тема семејни компании во: Загреб, Белград, Сараево, Бања Лука, Скопје, Подгорица, Приштина, Санкт Петерсбург, Вилнус, ..., модератор е на панел-дискусии, коорганизатор е на настани. Тој е автор на книгата „Основачи, наследници, менаџери“, која е создадена како резултат на десетгодишната работа со компании што го поминуваат патот на промена на лидерството и менаџментот од првата на втората генерација. Во 2015 година го формира „Клуб 2040“, кој се состои од членови на втората генерација од компании од Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Црна Гора и брои повеќе од 120 членови. Во голем број компании, тој иницира и води семејни форуми и развој на семејни политики. Со адреса во Нови Сад, живее и работи на просторот што некогаш се викаше Југославија.
И годинава, можете да ни се придружите бесплатно! Вашата пријава ја очекуваме тука.
Се гледаме на 28 октомври онлајн на FMCG Summit – Настан за оние кои умеат да направат разлика!
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.