FMCG Македонија 2020

Признати професионалци - говорници 6 FMCG SUMMIT 2020 (2)

18 Nov 2020

Докажани и познати професионалци од САД, Турција, Хрватска, БиХ, Србија, заедно со домашни учесници, ќе бидат говорници на 6 FMCG SUMMIT 2020 што ќе се одржи бесплатно, онлајн, во организација на магазинот InStore и агенцијата „Кликер маркетинг“. Тие ќе зборуваат на актуелни и предизвикувачки теми за FMCG индустријата. 

InStore веќе ви претстави дел од говорниците, а во продолжение ви ги претставуваме и останатите говорници кои ќе го збогатат Самитот: 

АНА ЈЕЛИЧИЌ е партнер и сениор фасилитатор од DesignThinkers Academy Adriatic. Таа посветува најголем дел од своето време во помагање на разни обуки, кампови и работа на проекти кои бараат имплементација на методологијата за design thinking. Целта е секогаш да се создадат и развијат процеси, производи или услуги со кои компаниите ќе станат повеќе customer-centric (клиентите и потрошувачите, центар на сите процеси) Ана Јеличиќ е овластен консултант за Design Thinking со искуство во човечки ресурси. Има агенција за човечки ресурси која се фокусира на мали и средни претпријатија. Таа им помага и ги олеснува процесите на креирање стратегии поврзани со вработување, обука и развој. На клиентите Ана им обезбедува и поддршка при поставување и трансформирање на нивните оддели за човечки ресурси. Ана Јеличиќ е исто така една од иницијаторите на конференцијата Inside. На Самитот ќе зборува на темата “Design Thinking како начин на делување“. 

ФИЛИП СТАНКОВИЌ, научник за карактеризација на производи, Сектор за истражување и развој на Филип Морис Интернешнал, Нојшател Швајцарија; 

Д-р Филип Станковиќ е добитник на престижната Фулбрајт Награда за наука и технологија, која му обезбеди стипендија за стекнување со докторска диплома од Државниот универзитет во Вашингтон во 2017 година, каде што студираше Производство или обновливи горива, хемикалии и енергија во рамките на циркуларниот концепт за био-економија. Со потекло од Скопје, роден 1984 година, каде го стекнал своето рано образовно искуство, кое резултира со диплома од Машински факултет на Универзитетот „Кирил и Методиј“- Скопје. Денес тој има повеќе од 10 години искуство во областа истражување и развој и инженерско искуство, управувајќи со проекти во механичко, хемиско, биолошко инженерство, наука за материјал и аналитичка хемија. Досега тој управувал и учествувал во управувањето на проекти со вкупна вредност од 2 милиони американски долари и е заинтересиран да ги прошири своите активности кон консалтинг за одржливост, ко-основање и градење стартапи. Неговата професионална кариера започнува како истражувачки и технички практикант во Bosch Thermotechnik GmbH Германија во 2007 година, проследено со работа како машински инженер за неколку македонски компании, а во 2018 година се приклучува на тимот на Филип Морис Интернешнл како научник за категоризација на производи, со задача на проекти за поддршка на намалување на емисиите на штетни и потенцијално штетни соединенија и стабилност на нови производи со намален ризик. Неговите области на експертиза се: аеросол и аналитичка хемија, карактеризација на цврсти и течни материјали, термохемиска конверзија на биомаса во енергија, био-производи и обновливи горива за авијација, суперкритично втечнување, каталитички хемиски процеси, дизајн на реактор и процес, рафинирање на биогорива. Филип во моментов работи на здобивање со МБА диплома на Quantic School of Business and Technology.

Д-р Филип Станковиќ на Самитот ќе зборува на темата "Научни докази зад новите тутунски производи". 

ЈЕЛЕНА КНЕЖЕВИЌ ВЛАХОВИЌ е консултант за организациски развој, била одговорна за Category Management во Mercator S и Delhaize. По дипломирањето на Економскиот факултет во Белград (надворешна и домашна трговија), Јелена Кнежевиќ Влаховиќ ја посветува својата кариера на малопродажбата. Го гради својот пат главно во набавки и управување со категории на различни раководни позиции во Пекабета АД, групацијата Делта Макси, Delhaize Србија, Меркатор -С доо и Домаша трговија д.о.о. Во Delhaize Србија, таа била потпретседател за управување со категории пет години (2011-2016). Во тој период, Јелена водела тим од 98 соработници и била одговорен за повеќе од 750 милиони евра приход и околу 200 милиони евра бруто маржа годишно. Исто така, таа го водела тимот преку активности за интеграција во процесите на спојување, купување или продажба на компанијата, учествувала во регионални синергии, го насочувала спроведувањето на стандардите на групацијата Delhaize. Врз основа на долгогодишно искуство и идентификувани потреби, таа го развива и воспостави годишниот процес на управување со клиенти (процес на деловен план) фокусиран на клиентот како основа за поставување на преговарачки цели. Сега, по толку години искуство, резултати и работа, таа верува дека нејзината најголема експертиза и извор на сите резултати е можноста да се создадат високо мотивирани и ефикасни тимови преку поддршка и негување на специфични способности, знаење и мотивација на секој член на тимот. Таа верува дека способноста да се водат луѓето заснована врз нивната постојана отвореност кон учење и развој е истовремено најголема експертиза од сите и дека е од клучно значење за одржливоста на секој бизнис и човечкото општество како целина. Недостатокот на лидерство е во основата на сите пропаднати компании, односно кризи. "Илузија на одговорноста" е темата на која таа ќе говори на FMCG SUMMIT 2020. 

ПОЛИКАРП АРСЕНОВСКИ е основач и генерален менаџер на THRIVITY. Арсеновски има повеќе од 20 годишно професионално искуство на различни лидерски позиции во McDonalds, Wrigley и Mars, но, исто така, и како претприемач и косопственик. Во јануари 2018 година го основа АПОД со цел да се фокусира на нови искуства, и да го сподели своето знаење и стручност со други организации во регионот. Фокус на АПОД се Луѓето, управување со човечкиот капитал во организацијата и нејзината култура. Во април 2020, АПОД тимот го лансира THRIVITY, online платформа, место каде ЛУЃЕТО И КОМПАНИИТЕ се среќаваат 24/7. Според Поли, луѓето не се ,,средство’’, тие се нашиот основен ресурс за успех и оттука, пораката е дека сите ние како лидери имаме обврска да креираме јасна визија за управување на организацијата, да создадеме извонредни услови за работа и да се однесуваме кон луѓето со високо ниво на достоинство и почит. Арсеновски ќе говори на темата"Патот до вистинските луѓе"

Годинава, на конференцијата можете да ни се придружите бесплатно! Вашата пријава ја очекуваме тука. 

Не пропуштајте го Самитот на кој може да присуствувате само еднаш во годината!  

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...