Актуелно

Канада се опорави од кризата, од јуни до јули отворени над милион работни места

21 Aug 2020

Во Канада повеќе од милион работни места се создадени од јуни до јули, што е знак дека е во тек економското закрепнување. 

Институтот за истражување на АДП проценува дека бројот на работни места се зголемил за 1.149.800 низ целата земја во овој период, по постојан пад помеѓу март и јуни.

Според АДП, областите на трговија, транспорт и јавни услуги се гранки каде економското закрепнување е најинтензивно. Во јули во овие сектори се отворени 340.000 нови работни места, а значајно зголемување има и во здравството, рекреацијата, сместувањето и градежништвото.

Пазарот на трудот се зголеми во јули, бидејќи компаниите почнаа повторно да се отвораат. Го зголемуваме бројот на работни места во сите индустрии, рече Аху Илдирмаз, потпретседател и ко-директор на истражувачкиот институт АДП.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...