Актуелно

„Неопланта“ донираше 2.300 визери на маркетите во Србија

02 May 2020

„Неопланта“ донираше 2.300 безбедносни визири за луѓе кои работат во маркетите низ Србија и им служат на клиентите секој ден зад витрините со сувомеснати производи.

Како што соопштуваат од компанијата на сите вработени им е дадена значителна заштита за време на пандемијата додека ги извршуваат своите работи.

Како што знаеме, не секој е во состојба да работи од дома, а вработените во маркетите се само еден од нашите херои кои помагаат за да ги добиеме нашите производи и да функционираме што е можно понормално за време на вонредната состојба. Ние се грижиме едни за други затоа што само на овој начин ќе успееме во заедничка мисија и ќе останеме здрави, соопштуваат од „Неопланта“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...