Гостин-воведничар: Јања Божиќ Марлот, претседателка на „Медиана ТГИ“ (фото: Ирена Херак)
Генерацијата „бејби бум“ е најбројната популација во регионот. За фрагментацијата на пазарот, за изборот на продажните полици, за силината на брендовите, пазарните огласувања, потрошувачките навики, нужноста за истражување на потрошувачите, многу потребните продажни вештини и слично, многумина од нив за време на школувањето не ни слушнале за тоа. Во последните години, сите ние ги искусивме пазарните барања на оваа или онаа страна на производствениот или продажниот синџир. Генерацијата X повеќе од половина од својот живот создава пазарен натпревар, а генерацијата Y и помладите, повеќе не прават разлика меѓу продажните полици во продавницата зад аголот, во супермаркетите или на интернет.
Најголемото меѓународно лиценцирано истражување во регионот на „Медиана ТГИ“ покажува дека најмногу консументи во Македонија во категоријата масло има брендот Brilijant, во Србија Dijamant, а во Хрватска Zvijezda, со повеќе од 63% возрасни корисници, што ги класифицира меѓу апсолутните локални победници. Меѓу домашните брендови, повеќе од 60% од корисниците има уште Vegeta во Хрватска. Најчесто употребуваните локални брендови, кои во 2014 година ги освоија првите десет места, во Македонија се: Би Милк и Витанез, во Србија: Marbo, Frikom, Polimark и Imlek, во Словенија: Zlatno polje, Maestro, Paloma и 1001 cvet, во Хрватска: Jamnica, Cedevita и мајонезот Zvijezda, а во БиХ Violeta се појавува двапати, во категоријата тоалетна хартија и марамчиња.
Слаткиот лидер во регионот е чоколадото Milka, и тоа во сите свои „опачини“, водечки се и кафето Grand, чајот Franck, газираната вода Knjaz Miloš и кај пијалаците - Coca cola. Од набројаното тешко би заклучиле дека емоциите се на страната на домашните производи и вкусови, а исто така се и на страната на ефектите од континуираното огласување и обучените вкусови.
Во Хрватска 80% од потрошувачите, 70% во Македонија, 66% во Србија, 58% во Словенија и речиси толку во БиХ имаат наклоност кон купување брендови од домашно производство, ако тие го исполнуваат очекуваниот квалитет. Степенот на лојалност кон брендовите во регионот се разликува од пазар до пазар.
Хрватите и Словенците „им подлегнуваат“ на купоните и боновите, Србите за купувањето многу лесно се наговорени од страна на познатите личности, во помала мера, истото важи и за потрошувачите во БиХ, а во Македонија одлучувачки мотив – пониската цена.
Сите наводи важат за просечните пазари и потрошувачи, кои поради широката понуда, различните ценовни класи и бројните сегменти, не само генерациски, едноставно нив ги нема ниту во домаќинствата, ниту во медиумите, ниту на местото на полиците на местото на продажбата или на интернет. Затоа и не го сакам просекот, иако го создаваат најдобрите, најголемите, најбрзите, најпродаваните и најевтините.
Пазарните движења во 2015 година ќе ги креираат храбрите потези на поединците и на корпорациите и сеопфатните истражувачки пристапи, кои навреме ќе дознаат и ќе ги предвидат вкусовите и потребите на потрошувачите, кои, пак, се според различни сегменти и пазари. Најдобрите од нив ќе ги зголемат продажбата и профитот. Нека победи најдобриот.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.