Актуелно

Зоран Богетиќ: Иднината е во старите

20 Dec 2017
Сиромашната популација пензионери е важен темел на малопродажбата во земјите од Западен Балкан. Транзициските маки на талкачките економиии значително може да се амортизираат со предвидливоста на побарувачката на оваа сè поважна популација
 
Автор: Зоран Богетиќ, професор на Економскиот факултет на Универзитетот во Белград, zoran@bogetic.com
 
Релативно младата популација што е вработена во малопродажбата, често дочекува повозрасни купувачи, кои недоволно ги разбира. Сè поголемиот генерациски јаз и неопходноста од усогласување на понудата и на побарувачката, не се доволно осветлени аспекти во малопродажното работење на овие простори.
 
На ридестиот Балкан, а и пошироко во Европа, долги години по ред се забележува стареење на популацијата. Пример е Србија, во која денес еден вработен „држи" еден пензионер. Незавидните плати на вработените во Србија се основа за назавидно ниските пензии. Парадоксално и реално е што сè поголемиот број пензионери со лоши пензии се најважната куповна сила на многу пазари. Па, како тогаш ефикасно да се справиме со тој факт на ниво на малопродажно работење?
 
Ако купувачот секогаш е во право, важен е одговорот на прашањето како да се релативизираат хормонските и другите разлики меѓу двете страни во малопродажната комуникација, кога воочената разлика е многу јасна.
Покрај бројните истражувања и анализи што го потврдуваат фактот за зголемената важност на старата популација, интересно е да се забележи и зголеменото внимание на вработените во малопродажните објекти, кои честопати пензионерите ги гледаат како свои најважни купувачи.
 
Индикативно е што помладата и пообразована полулација масовно ги напушта нашите краишта. Оттука произлегува и проблемот за квалификуваност на работната сила – една третина од преостанатото работоспособно население не поседува каква било квалификација за работа. Таа популација природно гравитира кон работно интензивнатa малопродажба, со ниски плати и со голема флуктуација на вработени. Произлегува прашањето колку клучните луѓе за контакт со купувачите во малопродажните претпријатија се подготвени да ги разберат потребите на сè повредната стара популација? Но, пред сè, колку малопродажните организации се вклучени во премостувањето на разликите на своите продавачи и купувачи? Имајќи ги предвид трендовите и најавите на економските футуролози, сè поголем и поопасен ќе биде генерацискиот јаз во малопродажбата.
 
Своевидниот конфликт меѓу понудата и побарувачката е јасен. Од една страна е релативно помладата популација, желна за нови идеи и за промени. Популација што високо ги вреднува малопродажните иновации во традиционалното и во е-работењето. Во тренд е динамична продажна атмосфера, со актуелна музика, мириси и бои, проткаена со брза, неформална комуникација. На другата страна, односно на страната на постарата генерација купувачи, сериозноста била и останала приоритет. Се вреднува понудата од старите добри вредности и проверените производи, за кои нема дилеми. Тие купувачи очекуваат мирна атмосфера и пристојни продавачи, кои се добро упатени во „тајните" на производите во понудата и се подготвени трпеливо да аргументираат.
 
Ако купувачот секогаш е во право, важен е одговорот на прашањето како да се релативизираат хормонските и другите разлики меѓу двете страни во малопродажната комуникација, кога воочената разлика во вредностите и очекувањата на продавачите и на купувачите е многу јасна. Одговорот на тоа прашање е од круцијално деловно значење во актуелниот момент, но и перспективно, особено имајќи ги предвид демографските трендови. Пример се евидентните генерациски разлики меѓу доминантната популација продавачи и купувачи во аптекарскиот бизнис, што особено е нагласено при грижата за здравјето. И прашањето: колку вработените во аптеките ја разбираат постарата генерација купувачи, која најмногу води грижа за здравјето?

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...