Актуелно

Верица Мартиновска: InStore партнерство – за доброто на сите

20 дек 2017
 
Воведничар: Верица Мартиновска,  InStore – Македонија
 
Издавањето на првиот трејд магазин во Македонија го започнавме со скромни амбиции да бидеме главниот информатор на FMCG-секторот. Посветеноста на квалитетно информирање, слушањето на сè што ни кажувавте и директно и индиректно, како и анализирањето на вашите потреби, од нас направија главен едукатор на FMCG-секторот во Македонија. Едукатор кој секојдневно придонесува за развојот на целиот FMCG-бизнис во државата, партнер кој на сите им е потребен. 
 
За овие шест и пол години постоење, во InStore објавивме 69 локални интервјуа, 54 регионални интервјуа, 383 истражувања на пазарот објавени во соработка со 16 истражувачки агенции, 360 стручни текстови од наши соработници и огромен број вести, нови објекти, разговори со маалски продавници и други текстови. На вашите адреси испративме 240 њуслетери со најважните новости.
 
InStore е медиум кој редовно ги споделува вашите новости, кој секогаш искрено ги проследува вашите успеси. Поддршка која на сите им треба, и на големи и на мали фирми, и на успешни и на помалку успешни.
 
Одговарајќи на вашите потреби, во последните три години организиравме 14 Talk IN Business настани, на кои обработивме 12 различни категории на производи и презентиравме 35 ексклузивни истражувања и анализи на категориите; организиравме 3 FMCG-самити, на кои зборуваа 30 етаблирани говорници, од кои 14 регионални експерти; организиравме 3 отворени стручни обуки кои ги посетија вкупно 67 посветени професионалци од секторот и 2 инхаус-обуки.
 
Потврда дека сме на вистинскиот пат ни е секоја реклама што ја добиваме, бидејќи без нив не би постоеле. Рекламите на најуспешните брендови кај нас, овозможуваат InStore да постои и да пристигнува на бироата на сите вас, цела година. Компаниите знаат дека тоа не е само нивна класична реклама, тоа е дел и од нивната мисија да застанат зад квалитетни проекти, а ако сакате дури може да се нарече и дел од нивната општествена одговорност. 
 
Погледнувајќи наназад низ годините, партнерот кој се одвојува од сите, кој нѐ поддржува буквално во сите наши проекти уште од првиот број на магазинот, партнер со кој имаме најлесна и најбрза комуникација е „Прилепска пиварница". Најголемата наша благодарност оди до вас! 
 
Оваа тешка 2017 година, наши партнери беа и „Даути комерц", „Унилевер", „Пакомак", „Витаминка", „Маг комерц", „Подравка", „Тиквеш", „Бимилк", „Кожувчанка", „Нестле", „Пивара Скопје", „Краш", „Кодинг" на кои исто така им благодариме.
 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...