Велат дека некогаш Србите и Словенците биле блиски по југословенските соништа и во деновите на војна, што многу иритира. Денешната економска блиска историја на овие народи е непобитна.
Поновите економски случувања во Словенија будат асоцијации на веќе видените случувања на домашен терен, а се поврзани за односот кон националната економија и вредностите на потврденото пазарно значење. Некогашниот пример на чување на националните брендови и претпријатија, денес оваа словенечка држава демонстрира инспиративен замав на економски неолиберализам.
Кога една држава ги распродава националните брендови и продажните полици тешко дека може да смета на атрактивно пазарно присуство, дури и на домашен терен. Оттука, и тезата дека силата на една економија, всушност, се мери со вистината за она што може и како може да го понуди.
Конкуренцијата на современите економии јасно може да се согледа на ниво на сопствеништвото на трговските марки. Се живее брзо, така што ни требаат јасни и лесни информации за тоа во што може да се верува, што на купувачите им нудат познатите производи. Кој е сопственик на брендовите, сопственик е и на пазарот, бидејќи купувачите сакаат брендови. Особено во нашите краишта.
Брзиот поглед на најуспешните светски економии укажува дека всушност тие се сопственици на најсилните пазарни брендови. И љубоморно ги чуваат и негуваат, така што имаме брендови што на сопствениците со децении и векови им прават пари.
Интересно е видувањето на силните економии во поглед на сопствеништвото на трговските синџири. Речиси да нема силно стопанство без силнипретпријатија во областа на пласманот на стока, па така најсилните трговски синџири доаѓаат од земјите што ја негуваат нивната важност. И високо котираат.
Конкуренцијата на ридестиот Балкан навестува можност дека има стопанства што ја разбираат важноста на сопствеништвото на брендови и сигурноста на сопственичките трговски капацитети, така што сериозно работат на тоа. Оттука е сè поголемиот респект на концентрацијата на трговските моќи што сега престојуваат во Загреб. Дали тоа е јасен сигнал на економска мудрост на нашите соседи или подготвуваат понуда на нашите соседи или е само подготовка за понуда на регионалниот колач на некој голем купувач?
Затвореноста на локалните граници одамна е надмината, така што регионалниот настап е прашање на опстанок. Оттука е важноста за регионална конкурентност, втемелување на вредна стока и организиран пласман. Што некои добро го разбираат.
Со продажбата на респектабилните брендови и претпријатија, некогашната самоувереност на поранешната Југа, Словенија овие денови брза во друштвото економии со проблематична конкуренција. Малите економии, со ограничени ресурси, без пазарен идентитет, на глобализираната суровинска и услужна сцена немаат што да бараат. Особено не на планот на членство во клубот на друштва со добар животен стандард.
Во моментот на сè појасната нова студена војна интересен е акцентот на најавената нова руска економска политика. Домашно производство и брендови. За руските трговски синџири во експанзија. Со цел постабилен економски суверенитет.
Имаат ли сега Русите доволно време за нов памет?
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.