Актуелно

Обединето Кралство: „Лидл“ бара нови извори на надворешно финансирање

27 Feb 2024

Во Обединетото Кралство, „Лидл“ бара нови начини за финансирање на ширењето на својата продажна мрежа. Според информациите кои ги објави ритејл мазинот „Гросер“, германската компанија сака да собере 91 милиони британски фунти од инвеститори за финансирањето на 12 нови локации.

 Пишува: Себастијан Ренак, меѓународен ритејл аналитичар

 Во презентацијата за инвеститорите, компанијата наводно нуди можност за финансирање изградба и стекнување на слободна сопственост над 12 супермаркети. Тогаш, компанијата од инвеститорите би ги закупила локациите. Ова би бил прв пат „Лидл“ да се одлучи за ваквиот начин на сопственост, за да ја прошири својата малопродажна мрежа.

 Експанзијата на „Лидл“ на островот, во последните години запира. Според проценките на авторот, од крајот на минатата деловна година, во февруари 2023 година, „Лидл“ во ОК, отворил само неколку продавници. Како што покажува годишниот извештај на компанијата, до 2021 година тој број изнесувал 50 нови продавници годишно. Уште на крајот на 2021 година, компанијата ги најавила плановите за ширење на својата малопродажна мрежа на 1.100 објекти до крајот на 2025 година. Во моментов, „Лидл“ располага со 964 продавници во Велика Британија и 41.продавница во Северна Ирска.

 Една од причините за забавување би можела да биде тоа што структурата на дистрибуцијата на складиштата на компанијата треба да фатат чекор со поголемиот број на продажни места и со значителниот раст на обемот на продажба. Дури минатат есен, „Лидл“ во Лутон го отвори своето досега најголемо складиште на светот кое, според компанијата може да опслужи над 150 продавници.

Меѓутоа, главната причина би можеле да бидат и вртоглавите каматни стапки. Каматните стапки кои ги наплатува Централната банка при позајмувањето на заеми од комерцијалните банки, како што објавија Англиската банка, за 2020 и 2021 година била 0,1%. До крајот на 2022 година пораснала за 3%, а последната половина година се стабилизирала на историското високо ниво од 5,25%.

 Ефектите од трошоците на „Лидл“ се драстични. Додека во минатото каматните стапки платени за финансиските обврски изнесувале помеѓу 34 и 38 милиони британски фунти за трговците во ОК, како што покажуваат податоците од билансот, тие трошоци, во деловната 2022/23 година се удвоиле на 105 милиони британски фунти. ( види графикон).

                                

 Од друга страна, нето исплатите на конкурентот „Алди“, само незначително се зголемиле од 23 милиони британски фунти во 2020 година, на нешто над 26 милиони британски фунти во 2022 година. Забележуваме дека и „Алди“ само малку ја забавил својата активност во ширењето, отворајќи 43 продавници во 2022 година, а претходните години отворал околу педесет. Неодамна, „Алди“ – ОК, најави дека планира да инвестира над 550 милиони британски фунти во својата мрежа на продавници на острово до крајот на оваа година. Како долгорочна цел, „Алди“ планира бројката на свои продавници во Обединетото Кралство да достигне 1.500.

 „Алди“ – ОК достигнал нето приход од 15,5 милијарди британски фунти и нето добивка од 109 милиони британски фунти во 2022 година, што се пресметува во нето профитна маржа од 0,7%. „Лидл“ – ОК, кој го следи, остварил нето приход од 9,3 милијарди британски фунти и објавил губитоци  од 73 милиони британски фунти и нето профитна маржа од -0,8%.

 

 Себастијан Ренак е основач на „Алетос ритеил адвајсори“, меѓународен аналитичар и поранешен меѓународен дописник на Lebensmittel Zeitung (LZ), водечки економски неделник за FMCG–секторот.  Има големо практично искуство во индустријата како поранешен член на оперативните тимови на „Шварц груп“ и „Метро груп“ во Полска, Украина и Русија.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...