Актуелно

Почина Дејан Гроздановски, сопственик и управител на „Гроздановски ДООЕЛ“

11 сеп 2023

Во петокот (8 септември) почина Дејан Гроздановски, сопственик и управител на „Гроздановски ДООЕЛ“ од Куманово.

Гроздановски загинал во несреќен случај, од повреди предизвикани од струен удар. Имаше 44 години. 

Дејан Гроздановски беше соработник на InStore – Македонија. Последното интервју со него ќе го објавиме во изданието што деновиве ќе излезе од печат. Во него, со Дејан разговаравме за актуелната ситуација во индустријата за преработка на месо, цените, царините, заканите од болеста свинска чума, работењето на компанијата.....

Кумановската компанија „Гроздановски ДООЕЛ“ како правно лице под овој назив постои од 2003 година - но Гроздановски семејно се во месопреработувачката индустрија повеќе од половина век, цели 55 години, од 1968 година. Сега во компанијата е ангажирана и третата генерација наследници на бизнисот. Месните преработки на овој бренд се присутни во речиси сите поголеми маркети и во другите продажни објекти низ државава. 

Раководењето со компанијата ќе го преземе синот на Дејан, Јован Гроздановски. 

InStore – Македонија изразува сочувство до семејството Гроздановски. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...