Актуелно

Објавени Мапа на трговци и Мапа на дистрибутери

19 Jul 2023

Излегоа од печат специјалните изданија на InStore и „Кликер маркетинг“Мапа на трговци 2023 и Мапа на дистрибутери 2023. Почна и нивната дистрибуција во печатена форма и ќе ги добиете на Вашите адреси. 

Мапата на трговци содржи InStore - анализа за работата на трговците, анализи од истражувачки агенции од Македонија, од регионот и од светот, извештаи, трендови...Тука можете да ја прочитате анализата на InStore за малопродажбата на македонскиот пазар, финансиската анализа на малопродажбата, Мапа на топ-15 компании според приходи од продажба на производи во 2022, анализа на пазарењето на македонските потрошувачи и нивните навики, анализа на ТВ-огласувањата на трговците во Македонија и во Косово, за иднината на малопродажниот маркетинг, анализа за супермаркетите на социјалните мрежи и уште многу други содржини. 

Мапата на дистрибутери изобилува со информации за работењето на дистрибутерите: анализа за дистрибуцијата на FMCG-производи на македонскиот пазар, Мапа на топ-15 компании според приходи од продажбата на производи во 2022, до каде е технолошкиот напредок на дистрибуцијата, логистички трендови за 2023 година, финансиска анализа на логистичките компании во Македонија, Case study за работењето на „Теско“, трендови што ќе ја одбележат дистрибуцијата....Мапата на дистрибутери и годинава ги обедини на едно место компаниите кои се специјализирани за прецизно планирање на производите од фазата на суровина до крајниот потрошувач. 

Се надеваме дека нашите специјални изданија и годинава ќе бидат ваша потпора во донесувањето на новите бизнис-одлуки. Ние и натаму ќе нудиме изданија и содржини кои се издаваат еднаш, а се користат во текот на целата година.

Благодарност до сите компании, истражувачки агенции и соработници кои со својот придонес ги збогатија двете изданија.

Ги очекуваме Вашите коментари! 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...