Преговарачкиот тим на „Подравка“ и „Белупо“ и синдикалните организации на работниците на 14 јуни ги завршија преговорите и постигнаа договор околу измените и дополнувањата на Колективниот договор за вработените во „Подравка“. Измените подразбираат зголемување на основната заработка од сегашните 253,50 евра на 260 евра и зголемување на фиксниот додаток од сегашните 67,69 евра на 100 евра, со што заработката на тарифа ќе се зголеми во просек за 5 отсто, а нето за 4,3 отсто.
Зголемувањата на платите ќе стапат на сила на 1 јули. Исто така, до крајот на јуни на сите работници ќе им биде исплатен еднократен додаток по 82,76 евра.
Драго ми е што заедно со синдикатите повторно најдовме начин да ги зголемиме платите. Кога во предвид ќе ги земеме и претходните зголемувања, „Подравка“ во претходните 15 месеци успеа да ги зголеми платите за 22 отсто, а примањата за 26 отсто. Посебно сум задоволна затоа што најдовме механизам преку кој работниците со најмали плати ќе добијат релативно најголемо зголемување. Им се заблагодарувам на претставниците на синдикатите за конструктивниот дијалог и постигнатиот договор, изјави Мартина Далиќ, претседателка на Управата на „Подравка“.
Преговарачките тимови закажаа нови колективни преговори за крајот на јуни, со цел примена на новиот систем на плати, кој ќе биде финализиран најдоцна до крај на јули.
Извор: Poslovni
Фото: Podravka
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.